10:16 - 13 ноември, 2026

„Мама, кошмари имам“: Пајак уште пред шест години раскажа за тешкото детство

Лавината од реакции на социјалните мрежи настана по искреноста на трап музичарот Христијан Настески – Пајак кој изјави дека никогаш не бил на одмор во Грција, а првпат бил на море во Албанија на свои 16-17 години.

Гостувајќи во емисијата „Никој да не знае“ на телевизија Телма, новинарката Катерина Тодевска-Спасиќ во праша: „Како може да не си бил во Грција?“

„Не сум бил. Па, сме немале можности. Мама, знам само еднаш, ме има однесено до Албанија Првпат на море сум бил на 16-17 години во животот“, одговори Пајак кој има 21 година и е по потекло од Охрид.

Уште во 2020 година, тој во својата песна насловена „Мама“ ја раскажува својата животна приказна и тешкото детство со стиховите:

„Мама, околу мене сѐ драма, во главава галама, спас во ноќта барам јас, нема да те разочарам. Мама, види поминува ден по ден, секој ден-ноќ останувам буден, кошмари имам тоа, не е фер, секој ден, секој ден.  исто. Мама, види никој никого не цени и секој сака сè да земе, ова не е фер“, раскажува Пајак во песната.

Во емисијата, тој додаде дека сега може да им овозможи на родителите да одат на 2-3 одмори на лето, и се убедува со мајка му да не работи веќе туку тој да се грижи за семејството.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....