12.8 C
Скопје
13:55 - 18 декември, 2024

(Фото) Почина таткото на Ричард Гир: „Тој ми е најголема инспирација“, еве кој беше хуманитарецот Хомер Гир

Таткото на холивудската ѕвезда Ричард Гир, Хомер Џорџ Гир, почина два месеци пред неговиот 101 роденден, објави на Инстаграм сопругата на актерот Алехандра Гир. Бидејќи Ричард не се огласи на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот на Алехандра пристигнуваат коментари со сочувство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere)

Семејството ги поканува фановите на глумецот да го прослават животот на Хомер, бидејќи тој живееше убав и исполнет живот и бише посветен на помагање на другите, а тоа им го пренесе и на своите пет деца – Сузан, Ричард, Џоана, Дејвид и Лаура. Роден е на 7 мај 1922 година во малото гратче Бруклин, Пенсилванија, каде што фармите за млеко биле главна дејност.

Уште во основно училиште, ја запознал љубовта на својот живот, две години помладата Дорис Тифани, со која се оженил во 1945 година, откако се вратил од Втората светска војна, за време на која служел во морнарицата. Децата набрзо почнале да пристигнуваат, а малиот Ричард се родил како второ дете и прв син на 31 август 1949 година. Семејството набрзо се преселило во градот Сиракуза, во државата Њујорк.

Децата биле воспитувани како методисти, а родителите биле активни во локалната методистичка црква каде пееле во хорот. И двајцата биле многу вклучени во подобрувањето на јавното образование. Дорис била домаќинка, а Хомер осигурителен агент за Nationwide, на која остана верен до неговото пензионирање, а тие го сметаа за еден од нивните најдобри вработени.

Иако бил зафатен и со големото семејство, Хомер сакал да им помага на другите. „Ако не можеше да помогне финансиски, тогаш за другите секогаш имаше насмевка или прегратка или некој друг начин да помогне. Тој беше околу мене цело време додека растев“, се сеќава своевремено Ричард на татка си, кој добро се снашол во нов град, особено во Сиракуза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martha Stewart (@marthastewart48)

По пензионирањето, Хомер најголемиот дел од својата енергија го вложил во помагање на непрофитната организација Meals on Wheels, која доставува храна до оние кои не можат сами да купат или да подготват оброци. Собирал средства и им доставувал оброци повеќе од 25 години.

„Кога се вклучи, разви страст која траеше цел живот“, сведочеше Ричард, потсетувајќи како дури и кога можел да избере што сака, го избирал она што на крајот е добро за другите.

„Му реков на татко ми дека со задоволство ќе им купам автомобил каков што ќе посакаат, но тој рече дека тоа нема да биде добро за него. Кога прашав зошто, ми објасни дека камионот е совршена висина за да се стави во него пакети со оброци.“

Токму поради влијанието на неговиот татко и Ричард се вклучил во хуманитарна работа. “Татко ми ги инспирира луѓето, влијае врз нив, ги вклучува. Кога му треба на неговото соседство, тој е таму”, вели актерот во видеото снимено пред петнаесет години, во кое тој и неговиот татко доставуваат оброци од куќа до куќа.

Ричард, исто така, покажал посебна почит кон својот татко – своето прво дете, синот што го добил во 2000 година со поранешната партнерка, актерката Кери Лоуел, го нарече Хомер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pastabilities (@pastabilities)

Семејството Гир цело време остана поврзано, па се собраа и на прославата на стотиот роденден на Хомер минатата година во ресторанот Патсабилитис во Сиракуза.

Зад Хомер останаа неговите пет деца и 24 внуци и правнуци. Како што напиша Алехандра, нејзиниот свекор го прифатил животот со љубов, добрина, отвореност и љубопитност. Ќе остане запаметен по joie de vivre, големи прегратки кои кршат коски и долготрајни пријателства.

„Засекогаш ќе не потсетува дека многу сакаме и дека пееме гласно“, заклучи Алехандра, која информираше и дека прославата на животот на Хомер ќе се одржи во мај, околу неговиот 101 роденден. И сите се поканети да донираат за оброци за сиромашните.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....