По долго отсуство од естрадата, еден од најмоќните вокали на македонската музика, Искра Трпева, повторно се појави во јавноста.
Повод за нејзиното ретко појавување во јавноста беше свеченото отворање на Меѓународната педијатриска конференција, каде настапи пред еминентни стручњаци.
Трпева, која со години е целосно посветена на педагошката работа како професорка по соло пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, овојпат направи исклучок. Облечена во елегантна црна тоалета, таа запеа и ѝ се врати на старата љубов, настапите во живо.
„Одговорноста и честа е огромна“, кратко искоментира Искра, нагласувајќи ја важноста на собирот кој ги обедини педијатрите од регионот и светот под организација на д-р Аспазија Софијанова.

Инаку, две големи тажни случки го одбележаа животот на пејачката Искра Трпева-Арсовска. Таа и сопругот Благоја го загубија синот само четири дена откако се роди. А Искра, за жал, 2021 година ја испрати со тажна случка, откако почина татко ѝ.
