16:41 - 7 април, 2026

(Фото) Пике им ја претстави својата девојка „Твинго“ на родителите: фотографии кои нема да и се допаднат на Шакира

Нема мир за поранешниот сопруг на пејачката Шакира, кој е се уште во центарот на озборувањата. По успехот на песната на латино пејачката „Music Sessions Vol. 53“, која надмина 100 милиони прегледи во првите три дена, гласините за новиот пар продолжуваат да ечат. Текстот на песната не е ништо повеќе од „одмазда“ наменета за нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике, кој е виновен дека ја изневерил со 23-годишната Клара Чиа Марти. Споредбите што ги користеше пејачката сега станаа познати („Замени Ролекс за Касио“ и „Ферари за Твинго“). Поранешниот фудбалер возврати со тоа што јавно се покажа со часовник „Касио“ и возеше „Твинго“.

Пике со Твинго-девојката и неговите родители, фотографија објавена во списанието „Ки“

Италијанскиот неделник „Ки“ во своето издание од 18 јануари објавува неколку фотографии кои датираат уште од Божиќ на кои се гледаат Пике и Клара Чиа заедно со неговите родители. Јасно е, поранешниот фудбалер веќе им ја претставил својата нова девојка на мама и тато. Помеѓу нив веќе владее блискост, па така на една од предметните фотографии Клара ја фаќа под рака својата идна свекрва. Еден вид двојно предавство за Шакира, со оглед на тоа што мајката на Пике првично застана во нејзина одбрана.

Пике со Твинго-девојката и неговите родители, фотографија објавена во списанието „Ки“

Колумбиската пејачка последниве денови на балконот постави кукла со изглед на вештерка, вртејќи ја кон свекрвата, која е нејзина соседка.

Но, која е жената која му го украде срцето на Пике? Моделката од Барселона, Марти првпат се сретнала со Жерар Пике во Космос Глобал Холдинг, компанија за организирање на настани во сопственост на фудбалерот.

По студирањето на отсек Комуникација, всушност, девојката почнала да работи како ПР во Космос. Веднаш се родила хемија меѓу нив, иако не е јасно од кога трае нивната приказна. Малку се знае за неа, нејзиното лице остана обвиткано во мистерија до објавувањето на првите официјални фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clara chia (@clarachiaoficialpique)

Ако се обидете да го побарате оригиналниот Инстаграм профил на Клара Чиа, ќе најдете десетици други профили но, автентичниот е @clarachia5, приватен профил со ни 200 следбеници. Добро упатените тврдат дека девојката неколку часа по објавувањето на песната на колумбиската поп-ѕвезда, на официјалниот профил објавила фотографија со црна позадина и емоџи на проѕевање во центарот. Сите во оваа објава видоа одговор на полемиката од последните неколку дена.

 

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....