13.8 C
Скопје
19:31 - 20 октомври, 2026

(Фото) Ова е сопругата на Жељко Самарџиќ: Поминале трагедија, сега секаде одат заедно, биле заедно и во Скопје на снимањето со Калиопи

Љубовната приказна на Жељко и Маја Самарџиќ започнала пред повеќе од 45 години, а и по сите овие години тие се најголема поддршка еден на друг.

– Отсекогаш знаев дека најдобро ќе ми биде кога сум со семејството, во тешки времиња не правев грди работи, со Маја сум во брак повеќе од 45 години, имам три ќерки, четири внуци, се чувствувам среќен и исполнет. Тоа ми е најважно. Колку старееме, толку почесто Маја оди на настани со мене, со нас беше и во Скопје на снимањето на видеото (дуетот со Калиопи).  Приличо има слух, никогаш не ги издвојувала моите песни, но една е посветена на неа, ја напиша Марина (Туцаковиќ). Таа ми се јави тогаш во два часот по полноќ и ми рече: „Напишав песна и ја посветив на твојата Маја“, тоа беше песната „Покажи ми што знаеш“, а таа песна ја пеам во чест на сите жени кои влегле во посериозни години“, вели Жељко во интервју за српски Блиц.

Во една прилика тој призна дека имало периоди кога не било така се лесно, особено кога го изгубиле синот Златко, но заедно надминале се.

– Сè околу нас е резултат на нашата љубов, разбирање и почитување, почнувајќи од првиот ден, кога како млади, вљубени до уши, гласно си кажавме “да“, објасни пејачот.

Се запознале во Мостар, кој е и негов роден град. Тој со својот бенд настапил во холот на Економското училиште, каде најпрво ја забележал во публиката како тивка и срамежлива девојка.

-Ми рекоа дека немам шанси кај неа бидејќи таа беше одличен ученик, а татко и професор и поради тоа сигурно не би сакала музичар. Сепак, решив да искористам шанса и ѝ пријдов. Почнавме да разговараме и потоа по неколку минути на шега ја замолив да се омажи за мене. Се забавувавме десет месеци, а потоа по нејзината матура, на која пеев, ја замолив повторно да се омажи за мене. Маја се согласи иако нејзините родители се противеле на одлуката. Се венчавме во друштво на кумовите и неколку пријатели. Јас тогаш имав 22, а таа 18 години“, се присети Жељко во едно интервју.

Иако Жељко е многу познат во регионот, неговата Маја не сака толку често да се појавува во јавност, па многумина не ни знаат како изгледа сопругата на пејачот.

Но, Жељко сака одвреме-навреме да споделува фотографија од својата сопруга на социјалните мрежи, а на нивната хармонична љубов многумина ѝ позавидуваат.

 

 

Слични објави

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо
Се вчитува....