6.8 C
Скопје
07:43 - 30 март, 2026

(Фото) Откажан концертот на Аца Лукас во Бања Лука: Се огласија организаторите и ја открија причината

Концертот на српскиот фолк-пејач Аца Лукас, кој требаше да се одржи кон крајот на декември во клуб во Бања Лука, е откажан. Од клубот се огласија и ја открија причината за ваквата одлука и наведоа дека ќе им ги вратат парите на оние кои веќе купиле билети.

Имено, како што соопштиле од клубот каде што Аца Лукас требало да настапи кон крајот на декември, сите што веќе купиле билети ќе можат да добијат поврат на парите на местото каде што биле купени билетите.

Тие исто така навеле и дека им е жал поради настанатата ситуација, но дека биле принудени да ја донесат оваа одлука поради, како што велат, непредвидени организациски околности.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Club 17 (@club17banjaluka)

– Го откажуваме концертот на Аца Лукас кој беше најавен во склоп на нашата новогодишна програма. На сите посетители ќе им бидат вратен целиот износ. Начинот и постапката за рефундација ќе ги објавиме во текот на денот на нашите официјални канали за комуникации – напишале тие на инстаграм-страницата на клубот „Клуб 17“.

 

 

 

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....