9.8 C
Скопје
18:44 - 24 февруари, 2026

(Фото) Осамнаа први фотографии од Здравко Чолиќ, ден по инцидентот со бомбата

По индидентот што се случи вчера, околу 5 часот, кога беше фрлена бомба на вилата на пејачот Здравко Чолиќ, денеска осамнаа негови фотографии, кои покажуваат каде и во чие друштво е пејачот.

Мотивите засега се непознати, а по инцидентот, голем број припадници на полицијата и надлежните органи се појавиле пред вилата на пејачот, собирајќи материјал.

Експлозијата предизвикала голема материјална штета, но за среќа никој не е повреден. Во моментот на инцидентот, Чолиќ не бил во куќата, внатре била неговата помлада ќерка Лара, додека, според наводите на медиумите, сопругата на Чола повикала полиција.

Здравко Чолиќ во тој период се наоѓал во Хрватска поради деловни обврски. Додека веста за нападот одекнуваше во јавноста, музичарот Никша Свиличиќ ги објавил нивните заеднички фотографии.

Како што може да се види на фотографиите, тие го поминале денот работно, снимиле убави моменти на дружење, а вечерта ја завршиле во кафеана.

„Да ми кажеше некој дека еден ден ќе пишувам песни за Здравко Чолиќ, во тандем со мојот пријател Нено Белан, и дека Чола ќе го именува својот нов албум по мојот стих, немаше да му верувам“, напишал Свиличиќ со објавените фотографии.

На една од снимките, Чола порачал: „Ајде да се дружиме почесто, ова е убаво место, за нив сè најдобро“.

За потсетување, според првичните сомневања на истражителите, бомбашкиот напад врз куќата на познатиот пејач наводно бил нарачан од менаџер на шоуто. Истрагата за инцидентот сè уште е во тек.

„Во моментот сум надвор од земјата. Се наоѓам во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, му благодарам на Бог што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите на медиумите беа протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, изјави Здравко Чолиќ за порталот „УНА“ по инцидентот.

Слични објави

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.
Се вчитува....