1.8 C
Скопје
06:13 - 22 јануари, 2025

(Фото) Од Витлеем до Киев: Најубавите новогодишни елки што ги осветлуваат празничните денови

Традиционални или технолошки модрни, шарени или украсени со биоразграливи материјали, новогодишните елки се главни протагонисти на празничната атмосфера на градовите.

Во Витлеем се вратија туристите

Во Витлеем преполн со туристи и аџии – кои годинава се вратија во голем број по ковид пандемијата – светна големата елка на плоштадот Мангер, пред базиликата на Христовото раѓање. Особено впечатлива е Витлеемска ѕвезда која е направена од биоразградлив материјал од шеќерна трска.  Прославите се во тек со полноќни миси, предводени од страна на латинскиот патријарх на Ерусалим Пјербатиста Пицабала. И познатата „Улица на Ѕвездата“ е полна со туристи- според традицијата тоа е рутата што ја поминала светото семејство пред повеќе од 2 илјади години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by City of Bethlehem (@visitbethlehem)

Гулаби на мирот

Во измачениот Киев, градоначалникот Виталиј Кличко го одржа своето ветување. „Путин нема да ни го украде Божиќ“, рече тој – а големата елка, украсена со гулаби на мирот и со знамиња на земјите што и помогнаа на Украина, влева надеж. Втората божиќна елка е поставена во метрото во Харков, кое служи и како засолниште за бомби.

Елка што раскажува приказна за деца

Во Париз, темата што годинава ја избра Галеријата Лафајет за елката која доминира под куполата на зградата е инспирирана од француската писателка Клер Кастијон и нејзината „Планета Елка“. Ја раскажува приказната за Нордман, жител на планетата Елка, испратен на Земјата за да го спаси Божиќ на малата Ени.

Сваровски украс со 3 милиони кристалчиња

Во Њујорк, 25-метарската смрека поставена пред Центарот Рокфелер е украсена со повеќе од 50.000 LED светилки, а тоа што особено ја краси е кристалната ѕвезда Сваровски, дизајнирана од архитектот Даниел Либескинд, со 3 милиони кристали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dezeen (@dezeen)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ainslee Wead (@ainslee1777)

Норвешка елка во центарот на Лондон

Во Лондон, елката традиционално се поставува на плоштадот Трафалгар. Од 1947 година жителите на Осло, Норвешка, им ја подаруваат на лондончани како благодарност за помошта добиена за време на Втората светска војна. Традиционално, елката е висока над 20 метри, обично е стара повеќе од половина век, а се сече на церемонија во Норвешка, пред да биде испратена во Велика Британија и однесена во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robyn Dansie (@robyndansie)

Елка со соларна енергија 

Главниот град на Италија, Рим, годинава за божиќните и новогодишни празници го краси голема елка поставена на плоштадот Венеција. Свети прекрасно и се забележува, поради светлината, од далеку, а се напојува со соларна енергија – елката е опкружена во незјината основа со фотоволтаични панели. Висока е 23 метри, доаѓа од Варезе, и украсена е со 100.000 светилки и 800 црвени, златни и сребрени лампиони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Instagramers Roma (@igersroma)

Слични објави

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо

Весна Ѓогани проговори за односот со ќерките на Ѓоле од првиот брак: Секогаш испаѓам зла маќеа

Еспресо

На денешен ден пред 10 години нѐ напушти Кемал Монтено: Песните му беа животот

Еспресо

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Еспресо

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Еспресо
Се вчитува....