8.8 C
Скопје
18:47 - 19 март, 2026

(Фото) Нур Алфала за првпат го покажа својот син од Ал Пачино: „Родена сум во погрешна генерација, цел живот сум стара душа“

Девојката на Ал Пачино, 30-годишната Нур Алфала, за првпат позира со синот кој го има со глумецот Ал Пачино, Роман, кој се роди минатото лето. Партнерката на 84-годишниот американски актер со италијанско потекло, позираше со малиот Роман за арапскиот Вог и во интервјуто изјави дека детето на Ал Пачино е нејзин најголем подарок во животот.

инстаграм

Нур Алфала е продуцентка, и магистрирала филмска продукција. Таа неодамна го прикажа својот прв филм насловен Мала смрт, кој ја истражува опиоидната криза во Америка и последиците од неа. Филмот беше прикажан премиеро на Санденс фестивалот, а сега планира да го промовира и на Канскиот филмски фестивал.

Додека Ал Пачино работи на снимање на нов филм, Алфала се грижи за нивниот син Роман. Таа живее со бебето во новата луксузна вила која ја купиле со актерот, и се обидува да ја балансира меѓу грижата за него и секојдневните работни обврски.

инстаграм
инстаграм

„Кога спие, тоа е моето време. Можам да читам сценарио, да гледам ТВ емисија или едноставно да бидам јас. Кога е буден, сакам да бидам таму, сакам да бидам присутна”, изјави Нур во интервјуто.

И покрај раѓањето на нејзиното прво дете, кое беше целосно изненадување за неа самата но особено за Ал Пачино кој има 84 години, Алфала не планира да ја паузира кариерата, бидејќи – како што вели – само што го започнува своето патување во филмската индустрија.

„Кога ќе станам, веднаш одам на мојот телефон и ја проверувам мојата е-пошта. Не работам пет дена во неделата, работам 24 часа на ден, седум дена во неделата. Посакувам да бев таков човек што ќ ги одложи обврските до понеделник наутро“.

инстаграм

Нур раскажа и како успеала да се зближи со Ал Пачино и како успеале да станат повеќе од пријатели. Двојката првпат се сретна на хуманитарен настан- вечера пред неколку години и разговарале цела вечер. „Помислив дека е „кул“. Мислев, леле, ова е Ал Пачино! Одев во филмско училиште, па добро знаев кој е тој. Тој е уникатна и многу талентирана личност. Но, немав поим дека еден ден тој ќе стане татко на мојот син“. Таа вечер не размениле телефонски броеви и случајно се сретнале дури една година подоцна.

„Потоа почна пандемијата“, се сеќава Алфала. „Ал живееше на следната улица од мојата куќа и почнавме да го поминуваме секој ден заедно, играјќи шах и гледајќи филмови. Беше како филмско училиште со Ал Пачино“.

За нивното пријателство, таа вели: „Мислам дека тоа стана нешто повеќе“.

Многу обожаватели на глумецот се загрижени за значајната разлика во возраста меѓу двајцата. Алфала истакна дека се чувствува удобно во друштво на зрели луѓе, па нивната разлика со Ал Пачино од цели 54 години никако не ѝ пречи.

„Родена сум во погрешна генерација“, вели Нур. „Цел живот сум стара душа. Имам пријатели кои имаат 70 години; мажи и жени кои едноставно ми се допаѓаат, со кои едноставно претпочитам да комуницирам и со кои комуникацијата ми е многу подобра отколку со луѓе на моја возраст. Отсекогаш сум била таква. Не знам зошто. Мислам дека ми се допаѓа мудроста, искуството, животот во нив. Тоа ме привлекува.”, искрена е Нур.

Слични објави

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Што им носи пролетта на поле на љубовта на хороскопските знаци

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

(Фото) „Те носам со себе додека сум жив“: Најдобриот пријател на Драган Лазиќ стави тетоважа во негова чест

Еспресо
Се вчитува....