14:13 - 1 април, 2026

(Фото) Николина Пишек по Италија, отпатува во Грција: „Никој не може да ми ги одземе спомените“

Откако Николина Пишек го помина најголемиот дел од јули во Италија, наместо да се врати во Загреб, таа замина во Грција, каде што има многу убави спомени, како што самата нагласува. Во Италија го прослави дипломирањето на нејзината постара ќерка Хана Цигој, која дипломирала медицина на Универзитетот во Милано, а потоа заминала на одмор на езерото Комо, монденско одморалиште за богатите и славните, меѓу кои куќа имаат и Џорџ и Амал Клуни. Потоа заминала во Рим, а каде и да патува летово, Николина објаснува дека е постојано изложена на неподнослива топлина.

Така во Грција, односно во Атина се „пржи“ на екстремни 43 степени Целзиусови, но очигледно тоа не ѝ пречи бидејќи низ градот шета со насмевка. Со фотографии и неколку видеа на Инстаграм ги почести своите обожаватели и напиша – „Атина е претопла на „пријатни“ 43 степени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

„Повторно ги преживеав тогашните спомени. Прошетав низ улицата на која се наоѓа продавницата во која на Уна ѝ ги купив првите чевлички. Не се сите од тие времиња повеќе со нас. Но останаа спомените. Нив никој не може да ми ги земе. И затоа сега создавам нови“, пишува Пишек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Водителката упорно се бори со проблемите кои ѝ ги донесе животот во последно време и се обидува да ужива во животот и покрај трагедијата која ѝ се случи лани – смртта на сопругот и последователните конфликти со свекорот. Приоритет ѝ се ќерките, постарата Хана и помалата Уна Софија која го загуби татка си.

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....