8.8 C
Скопје
11:17 - 1 април, 2026

(Фото) Невеста-убавица: Викторија Лоба му кажа „да“ на бизнисменот Ѓорѓи Калешов во Охрид

Свадбата одамна се очекуваше, и ете, конечно се случи. Македонската убава пејачка Викторија Лоба го кажа судбоносното „да“. Избраникот на нејзиното срце е Ѓорѓи Калешов, бизнисмен со кој долго време е во стабилна врска. 

Лоба сподели фотографија од венчавката на својот Инстаграм профил. Таа – облечена во модерна венчаница со карактеристична долга „опашка“ од околу три-четири метри, со шик букет цвеќе од бели рози во раката и плетенка како украс на косата, тој пак, без вратоврска и со патики покажувајќи полежерен стил. Позираат на зајдисонце во живописното опкружување на црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид.

Венчаницата која ја носи Лоба е дело на македонската креаторка Моника Коцарева Ергиќ.

Честитки! 

Потсетуваме дека пред неколку месеци, мајката на Лоба, Татјана Луговаја, исто така се омажи и тоа во Охрид, а изборот падна на црквата Света Софија.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....