11.8 C
Скопје
22:39 - 26 март, 2026

(Фото) Нема лек за Леонардо ди Каприо, пак уловен со 21 годишно девојче: Еве која е новата девојка на глумецот

Забавата со 21-годишната девојка сугерира дека Леонардо Ди Каприо сè уште сака да излегува со помлади жени.

Во текот на изминатата деценија, Леонардо ди Каприо разви репутација на човек кој одбива да излегува со девојки постари од 25 години. И покрај гласините дека тој би сакал да ја оттргне таа етикета од себе, актерот се чини дека е константно поврзан со помлади жени.

Тоа може да се потврди кога неодамна беше забележан со младата американската манекенка Џози Редмонд.

Леонардо пробува да остане “под сенка” и незабележан при неговите излегувања во град. Дента кога бил фотографиран со младата Џози (21) бил речиси маскиран носејќи црна бејзбол капа на Лос Анџелес Лејкерс и голема сива маска за лице, на главата имал црна качулка, а бил облечен младешки – во фармерки и црни патики.

Џози пак, исто така беше целосно облечена во црно, во кожени хеланки, проѕирен горен дел на градникот, предимензионирано палто во комбинација со црни чизми и златен накит. Сепак, не е јасно дали Ди Каприо бил на забавата специјално за да ја види Редмонд или ова е само случајна средба.

Со оглед на неговото минато, неизбежно е секогаш да биде поврзан со младите жени кои присуствуваат на забавите на кои што тој присуствува.

„Лео е сам во моментов и ги негира сите шпекулации дека намерно ги бара овие млади девојќи.“, изјави извор за Дејли Меил.

„Тој е заинтересиран за сериозна врска и навистина му пречат секакви спекулации од овој тип. Лео сака врска каква што имаше со Камила Мороне, нешто реално“.

Слични објави

(Видео) Пејач ја „зграпчил“ Цеца, ја прегрнал на сцената, а потоа следувало шоуто: Танцувале заводливо, никогаш порано не сте ја виделе вака

Еспресо

Зорица Марковиќ седна на багер – по операцијата на срцето, пејачката сама ја доградува куќата

Е.А.

(Фото) Му беше верна на Владимир Путин, а потоа му сврте грб – Која е згодната руска ТВ-водителка Викторија Бонја?

Еспресо

(Видео) Хрватските претставнички на Евросонг ја обработија легендарната евровизиска песна и ја подигнаа публиката на нозе – се огласи и Руслана

Еспресо

(Фото) Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ стана дедо! Качен на стол славел до зори

Еспресо

Како девојче – Јелена Розга ги „запали“ социјалните мрежи со фотка од Калифорнија

Е.А.
Се вчитува....