Младата српска пејачка Софија Дачиќ привлече големо внимание на социјалните мрежи кога се пофали со својот необичен подарок. На нејзината домашна адреса пристигнал огромен букет од дури 101 црвена роза.
Пејачката не сакала да го крие своето воодушевување од овој романтичен гест, па фотографијата од цветниот аранжман веднаш ја споделила со своите следбеници на Инстаграм со кратка порака.
„Веќе знам дека овој ден ќе биде убав“, порачала Софија Дачиќ.

Сепак, идентитетот на испраќачот на овој раскошен букет засега останува непознат, што предизвика лавина од шпекулации за тоа кој стои зад ова изненадување.
Овој гест привлече дополнително внимание на јавноста откако нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ неодамна повторно стапна на лудиот камен на тајната венчавка со новата избраничка Николина, со која го очекува првото дете.
Да потсетиме дека бракот на Софија Дачиќ и Игор Којиќ траеше само осум месеци пред да одлучат да стават крај на заедничкиот живот.
Софија претходно отворено зборуваше за деталите од нивното запознавање, откривајќи дека сè се случило сосема спонтано и случајно во градот, како и дека во првиот момент не го препознала Којиќ бидејќи носел капа. Таа особено се осврнала на првиот комплимент што ѝ го упатил.
– Тој ден отидов на фризер и се чини дека се исплатеше, ми рече дека ми е убава фризурата. Така сè започна – раскажала своевремено пејачката.
Инаку, Софија неодамна истакна дека конечно е подготвена за нова љубов, откривајќи дека има доста додворувачи и дека тие редовно ѝ праќаат цвеќе.
