17:36 - 12 ноември, 2026

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Српскиот композитор Зоран Марјановиќ, на кој му се суди пред Вишиот суд во Белград за тешкото убиство на неговата сопруга Јелена Марјановиќ, бил претепан синоќа во станот на негов пријател. Во утринската програма на телевизија „Пинк“ се зборувало за инцидентот што се случил во Палилула, а во таа пригода била прикажана и фотографија од претепаниот Зоран Марјановиќ од болницата, пишува српски „Блиц“.

Поради тешка контузија на мозокот, Зоран Марјановиќ е задржан на понатамошно болничко лекување. На објавената фотографија, повредите на неговото лице се јасно видливи, а едното око му е целосно отечено и затворено. Главата му е целата во завои, додека има модринки и на другите делови од лицето. Деталите и околностите под кои се случил нападот засега се непознати.

Зоран Марјановиќ бил претепан синоќа, а случајот го пријавил во полиција. Имено, како што дознава „Блиц“, Зоран Маријановиќ се скарал со својот пријател, по што избувнала тепачка.

Пријателот го удрил Зоран Марјановиќ повеќепати во главата со пиштол, а сè се случило синоќа околу три часот.

Покрај тоа, Зоран Марјановиќ им раскажал на полицајците дека тој и неговиот пријател биле заедно во станот на Палилула, по што се случил инцидентот.

По тепачката, Зоран се здобил со тешки телесни повреди во форма на контузија на мозокот.

Да ве потсетиме дека судењето на Зоран Марјановиќ, обвинет за убиство на неговата сопруга Јелена Марјановиќ на 2 април 2016 година, неодамна беше одложено за 7 октомври во Вишиот суд во Белград.

Судењето беше одложено поради технички проблеми со објавувањето на видеоснимките од надзорните камери на денот на убиството.

Вештакот предложи на следното судење да се прегледаат сите снимки.

Зоран Марјановиќ ја негира вината од почетокот на судењето.

Судењето се повторува бидејќи Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда со која Марјановиќ беше осуден на максимална казна од 40 години за кривично дело тешко убиство.

Апелациониот суд на 3 октомври 2023 година го укина притворот на Марјановиќ и оттогаш се брани од слобода.

Слични објави

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....