-3.2 C
Скопје
02:43 - 19 февруари, 2026

(Фото) Моника Белучи блесна во друштво на новото момче во Венеција: Доминантна убавина на црвениот тепих

59-годишната италијанска актерка Моника Белучи се појави на црвениот тепих во Венеција во друштво на нејзиното момче, Тим Бартон.

Ѕвездата на филмското платно го „донесе“ на филмскиот фестивал продолжението на „Beetlejuice“, што го режираше нејзиното момче Тим Бартон.

Белучи на новинарите накусо им призна дека американскиот режисер на почетокот на нивната врска ѝ се додворувал запознавајќи ја со класичните италијански хорор филмови.

59-годишната актерка е во врска со 65-годишниот режисер околу две години и извори велат дека тие живеат меѓу Лондон и Париз, каде и двајцата имаат деца од претходните врски.

На премиерата на филмот, убавата италијанска глумица блесна во црна асимерична креација Вивиен Вествуд, а нејзиното раскошно деколте беше украсено со скапоцен дијамант од Картие.

Италијанката не глумеше во оригиналниот филм, снимен пред 35 години, но Тим ја режираше својата сакана во продолжението. Во филмот со Белучи глумат и Мајкл Китон, Џена Ортега, Винона Рајдер, Вилем Дефо и Џастин Теру. Сите заедно со режисерот позираа на црвениот тепих на годишниот филмски фестивал во Италија.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....