10:21 - 11 април, 2026

(Фото) „Моето срце никогаш не било пополно“: Александра Шијакоска е бремена по вторпат

Александра Шијакоска откри дека таа и нејзиниот сопруг Едмонд Весели ќе станат родители по вторпат.

Шијакоска ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил, каде сподели низа семејни фотографии покрај плажа. Парот и нивниот син Риан беа облечени во модни комбинации во беж боја и позираа со фотографиите од ултразвук на бебето што го очекуваат.

– Имаше денови кога се што имав беше надежта. Тивка, мала, но силна. Денес таа надеж е љубов што ја живеам секој ден, мало раче што ме држи и нов живот што тивко расте под моето срце. Благодарни за се што имаме, со најсилна вера во се што доаѓа, одиме напред, посилни и побогати за уште една љубов. Моето срце никогаш не било пополно – напиша Шијакоска покрај фотографиите.

Да потсетиме, Александра Шијакоска и Едмонд Весели се венчаа пред две години кога направија забава, на која присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели. Во ноември минатата година тие го добија нивниот син, кој го крстија Риан.

Слични објави

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.
Се вчитува....