19:40 - 11 декември, 2025

(Фото) Мис Универзум 2025: Мексиканката Фатима Бош ja освои престижната титула

Претставничката на Мексико, Фатима Бош е новата Мис Универзум. Иако ја освои престижната титула, нејзиното учество го одбележа голем скандал за време на подготовките во Тајланд.

Имено, непосредно по пристигнувањето на кандидатките во Тајланд, 25-годишната Бош се најде во центарот на вниманието затоа што демонстративно ги напушти подготовките. Еден од директорите на организацијата, тајландскиот бизнисмен Навад Итсарагрисил, јавно ја прозва за време на пренос во живо на 4 ноември кој се емитуваше на Фејсбук.

Итсарагрисил ја обвини Бош дека не ги исполнувала промотивните обврски, а кога таа се обиде да ја појасни ситуацијата, тој ја прекина, ја нарече „глупава“ и побара од обезбедувањето да ја отстрани од настанот.

„Мексико, каде си?“, праша тој откако неколку минути ја критикуваше неименуваната натпреварувачка.

Кога Бош стана, продолжи:

„Слушнав дека не сте се согласиле да објавувате сè во врска со Тајланд. Дали е тоа вистина?“ Во еден момент им порача на учесничките: „Ако ги следите наредбите на вашиот национален директор, тогаш сте глупави“.

Навад Итсарагрисил, директор на изборот MGI, се соочи со критики откако јавно ја укори и побара обезбедување да јаотстрани Мис Мексико од церемонијата на ленти во Тајланд.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека некои натпреварувачки, меѓу кои и минатогодишната Мис Универзум, Данката Викторија Кјер Теилвиг, го напуштиле настанот во знак на протест. Бош, по излегувањето, потврди дека Навад навистина ја нарекол „глупава“.

Реакции на организацијата и јавноста
Мексиканската организација на Мис Универзум брзо реагираше. Претседателот Раул Роча Канту ги осуди постапките на Итсарагрисил, оценувајќи ги како понижувачки и злонамерни.

„Сакам јасно да го изразам моето големо негодување кон Навад поради јавниот напад кој го изврши врз Фатима Бош“, изјави Канту.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fatima Bosch (@fatimaboschfdz)

Поддршка на Бош ѝ даде и мексиканската организација на изборот, порачувајќи:

„Она што денес ѝ се случи на Фатима во Тајланд е неприфатливо. Ниту една жена, под било какви околности, не заслужува да биде навредувана или понижувана“.

Набргу по инцидентот се огласи и самата Фатима:

„Сакам да ѝ порачам на мојата земја, не се плашам да го кренам гласот. Посилна сум од кога и да е“, изјави таа. „Во 21. век сме, и јас не сум кукла која може да се шминка, фризира и пресоблекува. Доаѓам тука да бидам глас на сите жени и девојки кои се борат за своите цели“.

Која е Фатима Бош?
Фатима Бош е 25-годишна манекенка и кралица на убавината од мексиканската држава Табаско. Во светот на убавината влегла во 2018 година, а титулата Мис универзум Мексико 2025 ја освоила по победата на изборот за Мис Универзум Табаско.

Отворено зборувала за тоа како во школските денови се соочувала со малтретирање поради дислексија и хиперактивност. Студирала моден дизајн на Universidad Iberoamericana.

По освојувањето на националната титула стекнала речиси милион следбеници на Инстаграм и повеќе од 690.000 на ТикТок, а по пристигнувањето во Тајланд стана една од најследените кандидатки. Медиумите повремено ја поврзуваа со фудбалерот Кевин Алварез, иако врската никогаш не беше официјално потврдена.

Слични објави

Српската пејачка со патерици во јавност, има тешкотии со одењето по операцијата

Еспресо

Ава Карабатиќ, сепак, не е бремена: старлетата објасни што се случило!

Еспресо

Од бајка до судска битка: Љубовната приказна на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал

Еспресо

„Денес ми е страв. Првпат во животот. Не од смртта, туку од докторите“: Ведрана Рудан проговори искрено за болеста

Е.А.

Добрила Чабриќ Ивановски има 97 години и тврди дека редовно оди во казино: „Тоа е мојата терапија и возбуда“

Еспресо

(Фото) Откажан концертот на Аца Лукас во Бања Лука: Се огласија организаторите и ја открија причината

Еспресо
Се вчитува....