7.8 C
Скопје
23:06 - 31 март, 2026

(Фото) „Миранда е мртва!“: Остри критики за втората сезона на „Сексот и градот“, фановите разочарани од ликот на Синтија Никсон

Се емитуваа првите две епизоди од втората сезона на „И баш така…“ (And Just Like That…), а интернетот веќе е полн со реакции.

Во најновото продолжение на култната серија „Сексот и градот“, фановите со нетрпение го очекуваа враќањето на нивните омилени ликови и запознавањето со Саманта Џонс, која до сега немавме можност да ја видиме. Но, меѓу гледачите се појавија и контроверзи кои главно се фокусираа на еден лик – Миранда Хобс.

Миранда отсекогаш беше сложен карактер, која се истакнувала по својата интелигенција, цинизам и понекогаш тешка природа. Но во најновата сезона, Миранда помина низ значителни промени, а некои гледачи не се задоволни со ова ново издание на ликот.

Некои фанови на серијата тврдат дека сценаристот сосема го уништил ликот на Миранда – ликот ја загубил суштината и веќе не наликуваа на онаа Миранда која порано толку ја сакале.

Додека некои гледачи изразија незадоволство и критики кон новата Миранда, сепак, треба да се сфати дека ликовите во популарните серии кои долго се емитуваат, често еволуираат и се менуваат со текот на времето. Според сценаристите, токму непредвидливоста на ликовите често се она што ги држи заинтересирани гледачите за приказната. Ако некој лик станал контроверзен, тоа само покажува дека емисијата успеала да предизвика емоции кај својата публика.

Но, на фановите тоа не им е објаснување.

„Миранда Хобс е мртва. Синтија Никсон се глуми сама себеси“, „Приказната на Миранда ќе биде причината зошто ова ќе биде последна сезона“, „Миранда стана ужасна“… се само некои од коментарите на незадоволните фанови.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....