22:21 - 4 април, 2026

(Фото) Милијардерот Џеф Безос со познатата двојка Кети Пери и Орландо Блум го видоа Страдун

Милијардерот Џеф Безос заедно со својата свршеница Лорен Санчез и во друштво на познати пријатели прошетаа на Страдун во Дубровник.

Безос беше домаќин на група пријатели, каде покрај познатата двојка Кети Пери и Орландо Блум, беше и американскиот пејач и текстописец Ашер. Познатите гости верно ги следеа нивните телохранители.

Кети Пери и Орландо Блум решија модно да се усогласат за оваа прошетка, па носеа бела облека. Кејти носеше едноставен бел краток фустан и рамни сандали, додека Орландо облече шорцеви, маица и кошула и папучи, а стајлингот го комплетираше со капа.

Судејќи по фотографиите, славниот пар и нивните пријатели уживале во стариот центар на Дубровник. Инаку, основачот на Амазон неодамна беше снимен како ужива на Јадранското Море, а неговата јахтата Кора е проценета на 500 милиони долари.

Страниците кои го следат движењето на луксузните јахти забележале дека Кора се наоѓала во близина на Елафитските острови, а малку подоцна била закотвена во близина на островот Локрум.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....