11:54 - 6 април, 2026

(Фото) Милица отворено за Карлеуша по концертот: „Очекував дека ќе се спречкаме…“

Јелена Карлеуша одржа спектакуларен концерт на Белград на вода, кој беше потполно бесплатен за сите посетители.

инстаграм

Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ синоќа со жежок настап го запалија Белград на вода. Двете најпрвин го изведоа дуетот „Машала“, а потоа Павловиќ самостојно ги испеа нејзините хитови „Кучкeтина“, „Демантујем“, „Проверено“ и „Лав“.

По концертот Милица откри како дошле до идеја заедно да снимат песна.

– Отсекогаш сакавме да имаме дует, од првиот ден кога се запознавме. Отпрвин се шегувавме за тоа, а потоа се претвори во сериозност. Јелена прва наиде на мелодијата, го напиша текстот и ме повика да ја слушнам песната. Реков дека е лудило и мелодијата и текстот. Предложив неколку зборови во врска со мојот дел, таа тоа одлично го прифати. Да ми кажеше некој дека ние двете ќе соработуваме толку добро, немаше да верувам. Очекував дека малку ќе се спречкаме, дека ќе има борба, но се помина неверојатно мазно – откри Милица.

– Ѝ честитам на Јелена за светскиот концерт, настап, како и да го нарече. Навистина аплаудирам како колега, како пријател. Мило ми е што сум дел од ваков спектакл. Првпат заедно ја изведовме „Машала“, кога почна таа енергијата и сите врескаа, верувајте уште сум под впечаток, уште ми се тресат колената. Многу ми е драго што едно убаво пријателство роди женски дует кој ја подига самодовербата на секоја жена и на секој маж – рече Милица и откри дека пред настапот имала трема.

„Тој момент на адреналин и таа енергија кога се погледнавме ние две, а сите врескаат, навистина бев збудалена, морам да признаам, така беше.. – истакна на крајот Милице, пишува српски Курир.

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....