10:01 - 5 декември, 2025

(Фото) Милена Милатовиќ е топ тема во регионот: Која е убавата и воздржана прва дама на Црна Гора

Милена Милатовиќ е новата прва дама на Црна Гора. Беше најголем поддржувач на нејзиниот сопруг Јаков за време на изборите. Милатовиќ пред изборите успешно ја криеше сопругата од јавноста, а сега таа привлече големо внимание во јавноста во целиот регион.

Нов претседател на Црна Гора е Јаков Милатовиќ, економист и поранешен министер за економски развој во првата влада формирана по парламентарните избори одржани во август 2020 година. Сопругата на Милатовиќ, Милена Милатовиќ, која сега стана прва дама, често стоеше покрај него за време на кампањата и изборите.

Милена е директор за финансии и економски прашања во црногорскиот електропреносен систем. Таа функција ја добила додека нејзиниот сопруг бил министер. Двојката има три деца, ќерките Сара и Ана и синот Давид.
Милена пред само два месеци го роди нивното трето дете, ќерката Ана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jakov Milatović (@jakov_milatovic)

Според податоците од имотниот лист од 2021 година, Милатовиќ поседува стан од 46 метри квадратни, а со сопругата Милена е косопственик на стан од 68 метри квадратни. Милатовиќ има 85.000 евра во пензискиот фонд, а 7.000 евра на тековната сметка. Неговата сопруга, за која медиумите неуморно деновиве пишуваат, на тековната сметка има нешто повеќе од 3.000 евра, а во декември минатата година заработила 909 евра.

Милатовиќ, кој поседува и автомобил Рено Меган од 2012 година, има станбен кредит од 70.500 евра, кој го враќа на месечни рати од 452 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milena Milatovic (@milena.radinovic)

Да потсетиме, Милатовиќ победи на претседателските избори во Црна Гора во неделата, освојувајќи околу 60 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат и поранешен претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, освои околу 40 отсто.

Инаугурацијата на новиот црногорски претседател може да се очекува кон средината на мај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milena Milatovic (@milena.radinovic)

Слични објави

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

Мал сончев зрак води низ облачно небо: Лична приказна на Илина Арсова

msp-admin

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо

Српска пејачка далa 300 евра за да биде во шоуто на Цеца Ражнатовиќ, па сурово била измамена

Еспресо
Се вчитува....