Пејачот Милан Станковиќ долго време е повлечен од јавноста и ретко се огласува на социјалните мрежи, но сега по повод Велики петок направи исклучок.
Станковиќ исчезна од јавноста пред неколку години, а неговата мајка и сестра тешко ја поднесоа одлуката на пејачот да ја напушти естрадата и да бара мир во манастирите.
Оттогаш, тој ретко се огласува, но денес сподели симболична фотографија. На неа, пејачот држи совршено обоено црвено јајце во раката.

Ова прво јајце, според обичајот, е обоено црвено и се нарекува чувар на куќата, бидејќи се верува дека носи заштита и благосостојба во домот.
Минималистичката објава, без многу зборови, но со силна порака, допре до многумина, а следбениците веднаш забележаа дека пејачот сè уште ја негува традицијата и духовните вредности.
Да потсетиме, соседите на Милан открија за српските медиуми дека Станковиќ посетувал манастири за време на велигденските пости.
