20.8 C
Скопје
16:39 - 24 април, 2026

(Фото) Меган Маркл ѝ понуди маслиново гранче на Кејт Мидлтон: Знак за помирување испратен од онкологија

Меган Маркл ѝ испрати таен знак за помирување на сопругата на братот на нејзиниот сопруг, Кејт Мидлтон, за време на јавното појавување во Детската болница, пишува Мирор.

Војвотката од Сасекс пристигна во Детската болница во Л.А. за да ја поддржи нивната кампања за описменување. Ова се случи уште на 21 март 2024 година, но болницата ја најави посетата на поранешната актерка дури на почетокот на април.

Изгледот на Меган, кој вклучуваше бела кошула, цветно здолниште на Оскар де ла Рента, рамни чевли и природна шминка, се вели дека „нуди маслиново гранче“ на помирување за принцезата Кејт, која моментално се лекува од рак.

Долго време има недоразбирања меѓу сопругите на синовите на кралот Чарлс III и покојната принцеза Дијана. Во своите мемоари „Резерва“ (The Spare), принцот Хари рече дека жените имале сериозна кавга пред свадбата на војводите од Сасекс во 2018 година.

Во 2020 година, Хари и Меган дадоа отказ од нивните кралски должности и се преселија во Соединетите држави. Оттогаш, тие продуцираа голем број документарни проекти, вклучително и серија на Нетфликс. Во документарците парот откри детали од животот во Бакингемската палата. Поточно, помладиот син на британскиот крал зборуваше за тепачка со неговиот брат поради Меган. Поради тоа, односите меѓу роднините станаа уште позатегнати.

 

Слични објави

Поранешна мис од Мексико е пронајдена мртва – била убиена од свекрва ѝ?

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ не личи на себе! Пејачката направи драстична промена во изгледот, никој не очекуваше таков чекор

Еспресо

(Фото) Антониа Гиговска во издание кое не остава простор за рамнодушност

Еспресо

„Го натераа да пее на денот на погребот“: Рада Манојловиќ откри шокантни детали за Милан Станковиќ

Еспресо

(Фото) Заедничка приказна на Јордан Митев и Марјан Коцев, ги изненадија фановите

Еспресо

Мелина не ги поканила најблиските пријателки на свадбата: „Не сака да ѝ го украдат милионерот!“

Еспресо
Се вчитува....