По трагичната загуба на саканиот, Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од „ДНК“ остана сама со нејзината ќеркичка Јана.
Оваа храбра жена неколкупати зборуваше на протестите кои се организираа како поддршка на семејствата на загинатите на 16 март лани во пожарот во кочанската дискотрека „Пулс“.
Наталија Ѓорѓиеска беше гостинка на хуманитарниот концерт со песни на групата „ДНК“ во Дизелдорф, Германија, посветен на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На концертот, во чест на „ДНК“, нивни песни пееја Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Елена Андоновска, Тина Русева и Сања Лефкова.
Андреј беше познат како голем љуботел на животните, а Наталија вчера сподели дека пред една година, во времето кога се случи трагичниот пожар, таа и ќерката почнале да чуваат мало куче кое е радост во нивниот дом.
„Ова големо бебе денес полни една година“, напишала Наталија до сликата од миленичето на Инстаграм.

