14:33 - 19 февруари, 2026

(Фото) Макрон и Брижит уживаат на француската ривиера: „Таа е доволно стара да му биде баба“

45-годишниот француски претседател Емануел Макрон, заедно со неговата сопруга Брижит, се одмораат на луксузна јахта на југот на Франција, а папараците успеаја да направат неколку фотографии објавени во Дејли меил.

Макрон изгледа опуштено облечен само во шорцеви за капење, покажувајќи ги стомачните мускули. „Уловен“ е како разговараат со Брижит додека тој ја држи за ногата, а подоцна става маска за нуркање пред да нурне под вода. Политичарот се возел и на џет ски.

Брижит (70) носеше црно-син костим за капење и бела бејзбол капа.

Како и нејзиниот сопруг, подоцна и таа нуркала под синилото на француската ривиера.

„Таа е доволно стара да му биде баба“, гласат некои од коментарите на фотографиите објавени од медиумите.

Првата дама на Франција, како што пишуваат странските медиуми, имала голема потреба за одмор бидејќи минатата година за Макрон беше бурна, со недели протести, насилство и немири, откако тој го протурка контроверзниот закон за пензија во парламентот без гласање и ја зголеми старосната граница за пензионирање за две години, на 64 години.

Тој сега се соочува со уште повеќе предизвици по воениот удар во Нигер и антифранцуските протести, а во меѓувреме и со растечкото незадоволство на јавноста.

Минатата недела, Макрон го казни својот шеф на разузнавањето за неговиот неуспех да го предвиди пучот во Нигер, тврдејќи дека директорот на француското надворешно разузнавање Бернар Ејми требало да го предвиди соборувањето на претседателот Базум на 26 јули од страна на бунтовниците. Сепак, началникот на Генералниот директорат за надворешна безбедност одговори дека тој издал предупредување претходно оваа година, што владата го игнорирала.

Пучот во Нигер претставува големо назадување за Макрон, велат аналитичарите, поставувајќи прашања за военото присуство на Франција во земјата и пошироката стратегија во Африка.

Не додаде поени на претседателската двојка ниту концертот на Елтон Џон во екот на протестите во земјата.

 

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....