15.8 C
Скопје
15:24 - 31 март, 2025

(Фото) Македонците не трошат ни килограм мед годишно – на улица „Македонија“ се продава по 600 денари тегла

Манифестацијата „Денови на македонскиот мед” која по 18 пат ја организира пчеларското здружение „Матица” од Скопје, со поддршка од Општина Центар е отворена за посетителите. Тие од денеска до 30 септември, на штандовите поставени долж улицата „Македонија” ќе можат да купат природен мед, матичен млеч, полен, прополис, комбинации на природен мед со лековити билки, природна козметика но и други пчелни производи.

Цената на тегла мед чини 600 денари. Продавачите посочија дека се обидуваат да ги задржат цените на медот, за да може секој купувач да си го дозволи.

– Неминовно е да го смениме односот и да го прифатиме медот како значаен животен продукт во исхраната. Статистичките податоци укажуваат дека ние трошиме помалку од еден килограм мед годишно по глава на жител, додека во многу земји во светот е десет пати повеќе. Исто така, се повеќе е присутен мед кој се меша со разни сирупи за да се добие брз профит, при што се уништуваат неговите природни својства. Токму затоа, потребна е соодветна едукација на купувачите, беше посочено на свеченото отворање.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешното отворање на манифестацијата порача оти посакува уште многу настани кои ќе ги промовираат македонските производи.

– Горди сме што оваа година достигнавме рекорд на поддршка на бројни манифестации кои се одржуваат и тука во Скопје и ширум целата држава, а кои ја промовираат органската храна, биохрана, еколошката македонска храна, медот, остаантите наши убави производи – 47 рекордни манифестации се одржуваат оваа година. Рекордите ги поставуваме и во меѓународното промовирање на нашите производи, затоа голем број на здруженијата, како здружение „Матица” и многу други економско-социјални партнери на Министерството даваат поддршка, односно учествуваат и ги промовираат овие производи – рече Николовски.

Манифестацијата „Денови на македонскиот мед” покрај изложбениот, продажниот има и хуманитарен карактер. Тоа организаторите го истакнуваат преку разни донации за децата со посебни потреби.

На отворањето на манифестацијата се приклучија децата од градинките на Општина Центар, а беа поставени и слики на уметникот Живко Поповски Цветин, кои претставуваат спој на пчелите со цветовите.

Слични објави

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо
Се вчитува....