9.8 C
Скопје
12:31 - 1 април, 2026

(Фото) Мајката на Анета Љумаковска освои убави пари во квизот на Лила: Ѝ се посреќи на Љиљана

Љиљана Љумаковска, мајката на фолк-пејачката Анета Љумаковска освои добра сума во квизот „Сѐ или нешто“ кој со години на ТВ Сител го води Лила Филиповска.

– Кога среќата е на твоја страна нашата Љиљана Љумаковска си замина со убава сума од „Сè или нешто“. 105.000 со здравје да си ги трошиш душо. Нашето пријателство вечно ќе се гради – објави пријателката на Љиљана, Тања Тајчи Додева.

Љиљана Љумаковска со пријателките и Лила Филиповска Фото / Фејсбук
Таа објави и заедничка фотограграфија со Лила, Љиљана и пријателките кои ѝ беа поддршка во квизот. Мајката на нашата позната фолк-пејачка изиграла мудро, кога од популарниот банкар ја прифатила понудата од 105.000 денари.
Фото / Фејсбук
Инаку, талентот на Анета Љумаковска бил забележен уште на рани години, а нејзината мајка порано рекла дека за неа од мала се знаело дека ќе се занимава со музика, но тие не сакале да брзаат.
– Таа музиката самата си ја избра – изјавила Љиљана Љумаковска.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....