02:01 - 2 ноември, 2026

(Фото) „Мајка ти те научила да растураш бракови, да заведуваш и одземаш туѓи сопрузи“: Сопругата на Огњен Амиџиќ доби шокантни пораки, сè сподели јавно

Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ ја започнаа својата романса по неговиот развод од Данијела Димитровска, а денес имаат две деца. Иако уживаат во убавите моменти од животот, Мина често се соочува со негативни коментари и осуди за нивниот однос, па затоа еднаш ги сподели пораките што ги добива на Инстаграм.

Мина тогаш одлучи јавно да ги покаже навредите што ги добива на социјалните мрежи. Сè започна откако таа на својот профил на Инстаграм го сподели своето размислување за важноста на семејството, пишувајќи: „Она што ќе го понесеме од дома – тоа ни е. Сè потоа низ животот е само надградба. Среќна сум и благодарна што не можев да имам подобра основа“.

Оваа објава брзо беше проследена со груби зборови од непознат следбеник кој остро ја нападна. Навредливата порака што ја доби гласеше:

„Убаво те научила твојата мајка да растураш туѓи бракови, да ги заведуваш и одземаш туѓите сопрузи и таткото на детето, секоја чест. Браво за родителите и воспитувањето“.

Мина не остана должна, туку јавно ја сподели навредата и брутално возврати:

„Јас ве молам да не ја прескокнувате терапијата и да ми се симнете од вратот“.

Инаку, Огњен и манекенката со македонско потекло Данијела Димитровска се венчаа во 2012 година, а една година подоцна го добија синот Матеј. Се разведоа по 10 години брак.

„„Сакаме да ве известиме дека одлучивме да се разделиме, а одлуката за разводот ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син, а по овој повод повеќе нема да се огласуваме ниту да даваме изјави. Нема потреба од шпекулации, за нашиот развод не е виновен некој друг“, испратија тогаш соопштение до српските медиуми во кое информираа дека одлучиле да се разведат.

 

 

 

 

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....