05:59 - 3 април, 2026

(Фото) Маја, која боледува од ретка болест сподели што направил Тоше за неа

Текстописецот Маја Ангел која боледува од ретка болест, сподели срепарателна приказна за Тоше Проески, на денот кога загина пред 18 години.

Маја Павловска, пзоната како Маја Ангел, ќерка на писателот Јован Павловски е наш познат текстописец, а меѓу другите хитови, таа ја има преведено песната „Магија“ која Тоше Проески ја испеа заедно со легендарната Есма Реџепова.

Таа долги години живее во Утрехт, Холандија, а страда од ретката болест со дијагноза Myelopoliradiculoneuritis.

Болеста го нападнала `рбетниот мозок и направила оштетување на неговата обвивка и ги оштетил сите корени на нервните завршетоци долж целиот `рбет.

Маја Павловска- Ангел Фото/ Фејсбук

Павловска, позната по прекарот Маја Ангел е, инаку, уметница и изработува накит, и покрај тоа што е во количка и не може да се движи, одржува успешни изложби во Холандија и во други европски градови

– 18 години поминаа, Тошки. Има неколку мои текстови, на кои само ТИ можеше да им дадеш „душа“, да ја донесеш на сцена истата имагинација…

Да ги отпееш со кеиф, токму така, како што ги замислував додека ги пишував… Но, кога ги пишував српскиот, „Што си отишла“ и англискиот препев „Why did you leave“ и кога ја слушав твојата маестрална изведба на секој твој настап, не ни претпоставив дека на овој ден, секоја година, ќе си го поставуваме ова исто прашање, за тебе…

Фото/ Фејсбук

Те гушкам силно, Сонце мое… каде и да си, секогаш, ТУКА СИ!“, напиша Маја на Фејсбук.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....