18.8 C
Скопје
14:04 - 24 октомври, 2026

(Фото) Мадона во нејзин стил се пресмета со зајадливите коментари – „Поклонете се кучки“

Мадона не остави ветер да ги однесе критиките за нејзиното изобличено лице кои ги доби откако се појави на сцената на „Греми“ за да го најави настапот на Сем Смит и Ким Петрас и нивниот хит „Unholy“.

Пејачката на Инстаграм не штедеше зборови за да објасни како ги доживеала тие критики и што мисли за нив:

„Никогаш не сум се извинила за ниту еден мој креативен избор или за тоа како изгледам или се облекувам, па нема да го направам тоа ниту сега. Уште од почетокот на мојата кариера бев деградирана од медиумите, но ова го разбирам како тест, а јас сум среќна што можам да го отворам патот на сите жени после мене, да можат да го поминат полесно во годините што следуваат. Како што вели Бијонсе: „Нема да ми ја скршите душата“. Ќе ги проширам своите хоризонти, ќе се противам на патријархатот и најмногу од сѐ, ќе уживам во животот. Поклонете се кучки“, пишува Мадона.

Потоа таа објаснува дека сакала да ја презентира последната наградата за албум на годината, но си помислила, како што вели, дека е поважно да ја презентира првата транс жена на Греми. Историски момент, и згора на тоа освои награда“, напиша Мадона во својот пост.

„Наместо да се фокусираат на тоа што го реков во мојот говор, луѓето одбраа да ги коментираат фотографиите направени со долги објективи од новинарски фотограф, кои ќе го изобличеа сечие лице. Уште еднаш бев нападната поради моите години. Ова е свет кој одбива да ја слави жената по 45-тата година од својот живот, и ги казнува доколку имаат свое мислење, став или се авантуристки“, вели Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Слични објави

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

Еспресо
Се вчитува....