21:30 - 6 ноември, 2026

(Фото) Лозано си замина од Македонија, се јави од ова посебно место со добро друштво

Пејачот Валтко Лозаноски – Лозано замина од Македонија и се огласи од едно посебно и многу значајно место.

Лозано замина во Кардиф, за да ја борди македонската фудбалска репрезентација на последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

За жал, македонската фудбалската репрезентација претрпе пораз од Велс на гостувањето во Кардиф, со резултат од 7:1, во рамките на Групата Ј од европските квалификации за Светското првенство 2026.

Фото / Инстаграм

Но, Лозано во Кардиф не замина сам, туку со уште еден познат пријател, а тоа е Илија Филиповски од групата „Маестро“ и со друго машко друштво со кое е во главниот град на Велс, во Обединетото Кралство.

И покрај поразот на нашите момчиња, според фотографиите што ги објави на социјалнире мрежи, Лозано кој најави концерт на 7 март во Скопје, одлично се забавувал и им бил силна поддршка на фудбалерите. Тој е познат како голем љуботел на фудбалот и рекретивно уште игра со пријателите.

 

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....