23:37 - 25 декември, 2025

(ФОТО) ЛИНДА ЕВАНГЕЛИСТА СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА ЗА СВОЈОТ СИН: Светлината на мојот живот

Еден од најпознатите модели на 90-тите неодамна си ја отвори душата со објава на својот инстаграм-профил и прозборе за тоа зошто се повлекла од јавноста во последните години и призна дека се бори депресија и со огромно незадоволство самата од себеси.

По шокантната објава, Линда Евангелиста на истата социјална мрежа, го прослави „Светскиот ден на синовите“ со емотивна објава посветена на нејзиниот 14-годишен син Августин Џејмс, кого го доби со Франсоа-Анри Пино.

ЛИНДА ЕВАНГЕЛИСТА ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ: Прозборе за естетската процедура што го уништи нејзиниот изглед и кариера

Поранешната 56-годишна манекенка Линда Евангелиста повторно се најде во центарот на вниманието на светската јавност откако истакна дека е изобличена како резултат на несакан ефект од козметички процедури и дека ќе ги тужи лекарите кои целосно ѝ го уништиле нејзиниот изглед.

Поради популарната постапка „CoolSculpting“, канадската ѕвезда развила парадоксална масна хиперплазија, исто така наречена PAХ (парадоксална масна хиперплазија), а за оваа можна последица и ризик не била предупредена пред третманот. Во нејзината последна објава таа сподели постара фотографија од нејзиниот син кога бил мал, направена на плажа и каде што стои до нацртано срце во песокот во кое пишува „Ауги + мама“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

„Светлината на мојот живот“, напиша гордата мајка во описот на фотографијата.

Инаку, кога Линда го роди синот Августин Џејмс во октомври 2006 година, таа одбила детето да го наследи презимето на неговиот татко. Дури во јули 2011 година кога поднесе судско барање за алиментација, таа изјави дека таткото на нејзиниот син е францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино, сопругот на актерката Салма Хајек, со кого била во кратка врска кон крајот на 2005 година и почетокот 2006 година. Линда и Пино постигнале вонсудска спогодба во 2012 година, но не е познато колку изнесува сумата за алиментација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Кога Салма Хајек објави фотографија од нејзиниот посинок Августин во август, многумина не можеа да го скријат воодушевувањето од сличноста со неговата мајка Линда.

Покрај Ауги, Пино е татко и на две возрасни деца – синот Франсоа и ќерката Матилде од претходниот брак со Дороте Лепер.

Слични објави

„Ова беше голем предизвик“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ го остварија сонот што го чекаа 15 години

Еспресо

(Фото) Жешка празнична честитка: Нивес Целзиус во бела тантела позираше покрај новогодишна елка

Еспресо

На снег во минијатурни танги – На српската старлета која се гордее што не знае да множи, студот не ѝ може ништо

apostolova

(Фото) Сека Алексиќ ја покажа новата трпезарија: Мермер, сè во стакло, икони насекаде…

Еспресо

(Фото) Палто од крзно и накит вреден 20.000 евра: Александра Пријовиќ се забавуваше на концертот на Емина Јаховиќ во стајлинг од 35.000 евра

Еспресо

Фаталната заводничка од „Среќни луѓе“ со шокантно признание: И на 54 години го цицам палецот

Еспресо
Се вчитува....