22:25 - 5 септември, 2026

(Фото) Лила замина во Америка: Опасна авантура на водителката

Познатата македонска водителка Лила Филиповска уште еднаш докажа дека за неа нема граници кога е во прашање добрата фотографија и адреналинот.
Лила во моментов ужива во својата посета на Соединетите Американски Држави, каде што е на гости кај својот пријател, водителот Дамјан Дренковски и негвоата сопруга Александра. Нејзината последна објава од Њујорк ги насмеа и воодушеви нејзините следбеници.

Додека повеќето туристи мирно шетаат по познатиот Бруклински мост, Лила реши малку да ги „зачини“ работите. На својот Инстаграм профил таа сподели фотографија на која се качува на заштитната ограда на мостот, со поглед насочен кон облакодерите на Менхетен.

Во нејзин препознатлив стил, таа самата се пошегува на своја сметка, ставајќи опис на фотографијата:

„Водителката АЛПИНИСТ!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Лила всушност го сподели видеото од Дамјан Дренковски кој на шега вели дека Лила се качува по мостот додека сите луѓе мирно се шетаат и на шега вели дека може да падне на еден од автомобилите кои поминуваат по мостот.

Иако во несекојдневна поза, Лила останува доследна на својот моден израз. Комбинирајќи елегантно црно палто со спортски патики, таа покажа дека е подготвена за долги прошетки низ „големото јаболко“, но и за по некој мал „алпинистички“ подвиг.

„Ете седнав и на Бруклинскиот мост ! Мостот ги поврзува двата дела на градот – Менхетен и Бруклин – и бил клучен за развојот и проширувањето на Њујорк.

Замислете изграден во 1883 година, мостот бил еден од првите висечки мостови од челик во светот. Тој претставувал огромен технолошки напредок за тоа време. Тој е симбол на градот и секако дека го испешачив“, напиша Лила во својата објава на Инстаграм.

Лила се сликаше и на локацијата од официјалниот плакат за култниот филм „Си беше еднаш во Америка“, кај паркот Синатра , изграден во чест на легендарниот пејач Френк Синатра, како и на улицата каде што живееше Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“.

„Имавме можност да поразговараме со сопственикот кој излезе во меѓувреме и нѐ покани во некој ресторан чиј сопственик е тој и дека ете мора да се навикне на секојдневните посети на туристите. Искрено убаво е чувството кога знаеш дека дел од сцените на оваа култна серија се снимени тука“, сподели Лила.

Слични објави

Таско емотивно за ќерката Кирјана: „Би поминал повторно низ секој болен дел од мојот живот, ако знам дека таа ме чека на крајот“

Еспресо

Весна Змијанац за зетот Реља: „Би премолчила ако знам дека ја изневерил Николија“

E.A.

„По 50-та веќе немам време за туѓите очекувања“ – личната приказна на велнес-советничката Марина Петровска

Еспресо

Како Никола Симиќ ѝ го променил животот на Лепа Брена: „Ме научи како да се одморам за петнаесет минути“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ ги покажа танга-гаќичките среде емисија: Камерата сними незгоден момент

Еспресо

Лепа Брена: „Во прво одделение се тепав со едно момче, не ми се допаѓаше таа дискриминација“

E.A.
Се вчитува....