11.8 C
Скопје
11:02 - 24 октомври, 2026

(Фото) Лила Мос иста како мајка си – Кејт Мос во рекламна кампања за Келвин Клајн

Лила Мос се појавува во рекламна кампања за брендот Келвин Клајн, и потсетува на снимањето на Кејт Мос за модната куќа пред 30 години. 

Ќерката на Кејт Мос, 19-годишната Лила, сподели фотографија од нејзиното прво рекламно снимање за Келвин Клајн на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila Grace (@lilamoss)

„Многу сум благодарна што сум дел од новата кампања на Келвин Клајн“, напиша таа.

Супермоделот Кејт Мос исто така се појави во нејзината прва рекламна кампања за брендот пред 30 години – во 1992 година. Во тоа време 17-годишната манекенка позираше заедно со Марк Волберг. Во интервју за Венити фер,  Мос призна дека ова снимање било травматично искуство за неа, што довело до нервен слом.

Лила пак, почна да работи како модел на 14 години, кога била постара од нејзината мајка.

„Мајка ми секогаш ме одвраќаше од моделството. Таа секогаш велеше: „Ако сакаш да го направиш тоа, можеш, но јас не би ја советувала“, вели ќерката на Кејт Мос за британски Вог.

Слични објави

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.

(Фото) Бубе ИН и Деко стартуваат со ТРИ ИН – нова градска приказна за коса, нега и убавина

Еспресо

Евче призна дека сè уште е заљубена во Александар Динев: „Не е доволна само љубов за една врска да опстои“

К.С.

Хороскоп за 24 октомври: Овните ги очекуваат изненадувања, Јарците ќе се посветат на партнерот

Еспресо

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо
Се вчитува....