Пејачката и актерка Лејди Гага (36) е видена на снимањето на новото продолжение на филмот „Џокер“, во кој ќе го толкува ликот на Харли Квин.
View this post on Instagram
Новото продолжение ‘Joker: Folie à Deux’ се снима во Њујорк, а Гага папараците ја фотографираа на скалите на њујоршкиот Врховен суд на Менхетен. Пејачката носеше препознатлив Харли костим со црвена јакна и кариран горен дел.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Актерот Хоакин Феникс (48), кој доби Оскар за оваа улога во 2020 година, повторно ќе ја толкува улогата на Џокер. Малку се знае за новото продолжение, но се планира да излезе во октомври 2024 година.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Гага се има појавено во неколку филмски улоги, но нејзиниот најголем успех секако е филмот ‘Ѕвездата е родена“ од 2018 година, на кој соработуваше со Бредли Купер.