18.8 C
Скопје
16:53 - 13 март, 2026

(ФОТО) ЛЕБРОН ЏЕЈМС И ЕЛТОН ЏОН ЗАЕДНО НА ОДМОР: Чудниот „пар“ собра куп лајкови

Леброн Џејмс, кошаркар на тимот на Лос Анџелес Лејкерс, пристигна на италијанскиот остров Искија, во близина на Неапол, на суперјахтата „Цијан“, луксузна чартер јахта од 42 метри, која е во сопственост на Боно Вокс од У2.

Штом се симнал од јахтата со своето семејство веднаш бил „нападнат“ од обожавателите кои го препознале. Леброн го посетил островот, а потоа вечерал во локален ресторан. Кошаркарот објави неколку моменти од својата морска турнеја на суперјахтата преку Инстаграм.

Меѓу фотографиите, вистински „бум“ направи фотографијата на која славниот кошаркар е во друштво на легендарниот пејач Елтон Џон, кој е исто така на одмор во Италија со неговиот партнер Дејвид Ферниш.

инстаграм

„Навистина си мој единствен пријател!“ – напиша Леброн Џејмс во објавата – „Ми беше задоволство да се сретнеме и да разговараме! Благослов за вас и вашето семејство“.

Леброн во Искија веднаш бил препознаен од фановите, Џејмс направил кратка турнеја низ главната улица во Искија, а потоа со неговата сопруга и група пријатели вечерале во ресторанот „Џардино Едем“ во заливот Картаромана каде јадел сирова риба (карпачо) и шпагети со лук и маслиново масло, а пиел скапо француско црвено вино. По вечерата, кошаркарот прошетал низ плоштадот Пјаца Антика Реџа, рака под рака со својата сопруга Савана Бринсон, уживајќи во сладолед, а потоа се вратил на јахтата.

Слични објави

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin
Се вчитува....