14:51 - 12 ноември, 2026

(Фото) Колку чини фустанот што го носеше Анастасија Ражнатовиќ на свадбата: Ќе се изненадите од сумата

Анастасија и Немања Гудељ тајно се венчаа пред неколку дена во вилата на семејството Ражнатовиќ на Дедиње.

Семејствата Ражнатовиќ и Гудељ присуствуваа на свадбената церемонија и на граѓанската венчавка на фудбалерот и пејачката.

Младата пејачка Анастасија блесна во бел сатенски фустан што го избра за овој посебен момент, додека Немања се одлучи за полежерна варијанта – бела кошула и црни панталони.

Сепак, она што ги изненади сите е цената на фустанот што младата пејачка го носеше на својата свадба.

Иако сите мислеа дека Анастасија избрала скап модел за свадбената прослава, сатенскиот фустан во кој блескаше ќерката на Цеца чинеше 390 евра, пишува српски „Курир“.

Ова е втора венчаница која Анастасија ја носеше, по црковната венчавка на 14 јули минатата година која се случи во манастир.

Таа за граѓанската венчавка избра многу поевтин модел во однос на модното парче кое го носеше на црвената свадба.

Анастасија и тогаш реши да не носи класична венчаница, туку долг бел асиметричен фустан во стил на грчка божица, а задниот дел од фустанот со карнери допираше до подот.

Станува збор за модно парче од луксузната модна марла Ланвин кое може да се најде во продажба по цена од 3255 евра. Овој фустан пејачката го комбинираше со бели сандали на високи потпетици.

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.
Се вчитува....