5.8 C
Скопје
04:52 - 1 април, 2026

(Фото) Кои се децата на Ќиро Блажевиќ: Рече дека не се жали, но дека неговиот син Мирослав е најдобар

Мирослав Чиро Блажевиќ не ја доби битката со болеста, со ракот на простата кој се проширил и на коските и на црниот дроб. Тој почина два дена пред својот 88 роденден, оставајќи ги зад себе многуте успеси кои го направија спортска легенда. Беше успешен тренер и селектор, но пред се, тој беше татко.

Во тешките времиња, секако блиску до крајот на неговиот живот, неговото семејство беше неговата најголема поддршка

Мирослав Чиро Блажевиќ има три деца, ќерките Барбара, родена 1962 година и Катарина, родена во 1966 година, и синот Мирослав, роден во 1971 година.

Катарина Блажевиќ Михалиќ живее со сопругот Ивица и двете деца во Дули, во близина на Лозана. Тие ја водат компанијата Fine Cuisine Services, која организира луксузни настани со деликатеси и храна со врвен квалитет преку престижниот Gamma Catering. Миленичката на тато претходно раководеше со компанијата Excellence Luxury Services, компанија за изнајмување на луксузни автомобили, јахти и приватни авиони во Женева, но таа компанија беше ликвидирана.

Постарата ќерка Барбара живее со сопругот, американски офицер, и синот на Флорида.

Најмладиот син на Ќиро, Мирослав, живее во Загреб со сопругата и двете деца.

Еднаш, Ќиро за хрватските медиуми откри како требало да се вика неговиот син.

– Сакав да се вика Јошко или Анто, по браќата, а ќерка ми Барбара веќе го имаше именувано Мирослав. Таквите работи ме натераа да се чувствувам немоќен, рече тогаш.

-Тој не е само мој татко, тој е татко на нацијата, тој е татко на играчите, тој има свои синови, изјави еднаш Мирослав Блажевиќ јуниор, а бидејќи го има истото име како неговиот татко, редовно бил прашуван како се вика Чиро.

Неговите деца му подарија шест внуци. Тој се грижеше за нив, но нагласи дека е исто толку строг како и со своите деца. Тој беше поддржувач на дисциплината во секој поглед и веруваше дека „ако не си строг, децата ќе залутаат“.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....