14:11 - 1 април, 2026

(Фото) Клинт Иствуд непрепознатлив: Пред 94-от роденден се појави во јавност

Легендарниот актер и режисер Клинт Иствуд не дозволува годините да го оттргнат од работата на филмовите. Во пресрет на неговиот 94-ти роденден тој повторно се појави во јавност.

Режисерот беше забележан како присуствува на настан организиран од познатиот конзерватор д-р Џејн Гудал во Калифорнија кон крајот на минатиот месец.

Иствуд го покажа својот необичен имиџ, бидејќи не сме навикнати да го гледаме со долга седа коса и брада. Беше облечен во сина карирана кошула, сиви панталони и патики, а беше придружуван од асистент.

Ексклузивни фотографии од филмската легенда објави британски Дејли Мејл. Во својата десетта деценија од животот, човекот кој е заштитено лице на седмата уметност на Холивуд не се откажува од кинематографијата. Тој е еден од ретките глумци и режисери кои не зеде ни ден пензија.

Иствуд доби два Оскари за најдобар режисер за филмовите Непростливо и Девојка од милион долари.

Својата актерска кариера ја започнал во 1955 година со улога во филмот „Тарантула“.

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....