12:25 - 10 ноември, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон за Денот на мајките позира со децата: Преслатки фотографии со малите принцеви и принцеза

Во чест на годишниот празник, кој е познат како „Недела на мајката“ и се слави во Велика Британија оваа година на 19 март, принцезата од Велс (41), сподели слатка фотографија од себе и нејзините три деца на заедничката страница на Инстаграм што ја споделува со сопругот принцот Вилијам.

„Среќен ден на мајката од нашето семејство до вашето“, напиша Кејт на објавата постирајќи и емотикон срце, на која се гледа како седи на дрво покрај принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

На фотографијата, направена од фотографот Мет Портеус, Кејт носи бела кошула, сини фармерки и бели патики.

Принцот Џорџ (9) е дотеран во сина поло маица и црни шорцеви, додека братот принц Луис (4) во поло маица со пруги и сини шорцеви. Принцезата Шарлот (7) е облечена во пресладок џинс фустан.

На втората споделена фотографија пак, Кејт може да се види како го држи принцот Луис во рацете додека му се насмевнува на своето најмало дете.

 

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....