5.8 C
Скопје
03:11 - 1 април, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон прекрасна во црвено „од глава до пети“: Моден изглед во износ од 5.000 фунти

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави во јавноста во црвен костум на Александар Меквин, пренесува Дејли меил.

Минатиот понеделник, 30 јануари, се одржа настан во Лондон организиран од страна на Центарот за рано детство на Кралската фондација, основан од Кејт Мидлтон во јуни 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)

Настанот беше темпиран да се совпадне со лансирањето на новиот проект наречен „Обликување на нас самите“, кој има за цел да го привлече вниманието на раното детство како критичен период во развојот на детето во возрасна личност.

Принцезата од Велс се појави во јавноста во црвен костум на Александар Меквин (2290 фунти сакото и 890 фунти панталоните).

Модниот изглед го заокружи со чанта од Миу Миу (895 фунти) и црвени чевли на Џанвито Роси (600 фунти).

Таа носеше обетки од локалниот бренд за рачно изработен накит Chalk, во вредност од 70 фунти.

Односно, целиот црвен „од глава до пети“ изглед на Кејт Мидлтон изнесува 4.750 фунти.

Принцот Вилијам, кој ја придружуваше сопругата, беше облечен во темно сино одело, бела кошула и црни лакирани чевли. Неговиот имиџ беше надополнет со црвена вратоврска, повторувајќи ја бојата на облеката на Кејт Мидлтон.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....