11:51 - 12 ноември, 2026

(Фото) Каролина се гушка со мајка си, ужива со Михаил и внуките: „Септември беше убав“

Каролина Гочева ретко споделува повеќе детали од приватното секојдневие, но овојпат направи исклучок и објави серија фотографии со кои покажа како го поминала септември.

Пејачката сподели моменти со најблиските, од дружбите со внуките и мајка ѝ, до времето поминато со сопругот Михаил Корубин и пријателите.

Во фотогалеријата се најдоа и моменти од нејзините тренинзи, прошетки и вечерни излегувања, а целиот месец Каролина го сумираше во една кратка реченица:

„Септември беше убав“.

Септември има посебно значење за Каролина и поради нејзиниот брак со Михаил. Двојката се венча на 23 септември 2017 година, па минатиот месец ја одбележа деветтата годишнина од бракот.

Каролина и Михаил важат за еден од најдискретните парови на македонската јавна сцена и ретко споделуваат детали од приватниот живот на социјалните мрежи.

Пејачката претходно има откриено дека септември ѝ е еден од омилените месеци уште од детството и дека почетокот на месецот и денес го поврзува со нови почетоци.

„Секогаш нестрпливо го чекав 1-ви септември. Се сеќавам дека од втора половина на август распустот веќе ми здосадуваше и сакав што побрзо да почне школската година“, изјави таа во една пригода.

Иако одамна не е во училишните клупи, Каролина вели дека 1 септември и понатаму за неа носи чувство на нов почеток и враќање кон секојдневната рутина.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....