14:44 - 3 април, 2026

(Фото) Карлеуша се пофали како ја дотерала ќерка си за матура: Син секси фустан дизајниран од пријател на пејачката

Ќерките на поп дивата Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се во центарот на медиумскиот интерес уште од првиот ден од нивното раѓање.

Јелена Карлеуша редовно се огласува преку социјалните мрежи, откривајќи детали од нејзиниот приватен и семеен живот.

Денес пак, се огласи со причина и ги изненади своите фанови.

Таа сподели фотографија од помладата ќерка Ника дотерана во матурски фустан.

„Мојот пријател Бојан го направи најубавиот матурски фустан за ќерка ми Ника“ – напиша таа.

принтскрин

Ника е облечена во син макси фустан, со спуштени рамени и изгледа секси во модниот избор.

Да потсетиме, Ника Тошиќ неодамна им се обрати на своите следбеници на ТикТок за матурата. Таа беше во недоумица дали да оди на матура или не.

– Не знам што ќе правам за матура, дали да одам или не… Традиција е да се поканат наставниците, од почит, но не сакам да поканам никого. И кога сфатив дека оди и друго одделение, не само VIII-1, навистина… не можам да издржам – се пожали Ника, па додаде:

@frnotnika

Matura će biti baksuz

♬ original sound – not nika

– Но, ако не одам, знам дека подоцна ќе се каам. Повеќето мои пријатели не одат, што е навистина глупаво, но штета е. Ќе бидам со другите мои пријатели. Малкумина одат, веројатно поради наставниците. Јас не би одела само поради наставниците, но немам избор.

– Се уште не знам што да облечам. Но, дотогаш дефинитивно ќе ослабам уште пет килограми. Сега изгубив три килограми за една недела. Едвај чекам да бидам згодна! И се подготвувам да ги испробам новите работи што ги купив – заклучи Ника на „ТикТок“.

Судејќи по постот на нејзината мајка, Ника сепак решила да оди на матура, а нема сомнеж дека одлично ќе се забавува.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....