-4.2 C
Скопје
07:04 - 19 февруари, 2026

(Фото) Камила на луксузни третмани за подмладување: Сопругата на Чарлс III се врати од Индија, еве каде престојувала и какви третмани имала

Камила со група пријатели замина на 10-дневен одмор во здравствениот центар Soukya Holistic во близина на Бангалор, додека кралот Чарлс III остана во Англија. Во центарот применувала третмани за подмладување. 

Сопругата на кралот на Велика Британија Камила е една од најактивните членови на кралското семејство. Паркер-Боулс во сите овие години отсекогаш останала покрај кралот Чарлс, дури и покрај тоа што изворите велат дека би сакала животот да го помине на село, далеку од рефлекторите. Камила, всушност, не сака многу формални прилики, таа има огромен страв од летови на долги релации и се чувствува под напнатост кога треба да зборува јавно.

Затоа, не е изненадување што таа организираше бегство од Англија по два многу напорни месеци како кралица. Всушност, почнувајќи од смртта на кралицата Елизабета, за Камила започна многу исполнет и стресен период.

Затоа Камила одлучила да организира одмор за целосно да се посвети на себе. Според изворите, сопругата на кралот Чарлс заминала да помине десетина дена во Индија, во одморалиште кое се занимава со терапии против стрес и со третмани за подмладување. „Тајмс оф Индија“ објави дека се работи за приватно патување на кое нема дипломатски обврски.

Поточно, сопругата на кралот отишла во луксузно одморалиште во Бангалор, познато по тоа што нуди холистички терапии.

Не е првпат Камила да оди во овој центар, кој претставува лек за нејзиното здравје. Во минатото таа исто така одеше таму со нејзиниот сопруг и парот сакаше да се препушти на некои специфични третмани за подобрување на физичката и ментална благосостојба.

Овој пат, сепак, Камила мораше сама да тргне на патувањето. Сопругот, всушност, морал да се откаже од патувањето поради владината криза што го погоди Обединетото Кралство. Додека неговата сопруга била во Индија, новиот крал морал да го назначи новиот премиер.

Во меѓувреме, поранешната војвотка од Корнвол веќе се врати дома, подготвена да го поддржи својот сопруг. Британските медиуми јавуваат дека за време на повратниот лет авионот со кој патувала кралицата доживеал мала несреќа поради судир со птица. Сепак, за среќа, се чини дека сè поминало добро.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....