07:47 - 12 април, 2026

(ФОТО) КАКВА МАЈКА, ТАКВА ЌЕРКА: Кејт Мидлтон и ќеркичката Шарлот во усогласени модни комбинации на велигденската миса

Бројни членови на британското кралско семејство се собраа на велигденската миса во капелата Св. Џорџ. Кралицата Елизабета Втора ја пропушти мисата што традиционално се одржува во оваа капела изградена околу замокот Виндзор.

Очекувано, најголемо внимание кај насобраните претставници на медиумите предизвика појавата на војвотката и војводата од Кембриџ и нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Исто како и неговиот татко, 8-годишниот Џорџ носеше костум со вратоврска и изгледаше како вистински мал господин.

Не само што Вилијам и Џорџ се поклопија во модата – и женските сили на нивното мало семејство го направија истото. Имено, и Кејт и 6-годишната Шарлот носеа сини фустани.

Кејт избра светло сина палто-фустан од дизајнерката Емилија Викстед, кој веќе го носеше во 2017 година за време на официјалната посета на Луксембург. Фустанот го искомбинира со сини кожни салонки од брусена кожа со потпис на брендот „Еми Лондон“ и чанта со истиот потпис.

Сино фустанче носеше и малата Шарлот, но тоа беше модел со цветен дезен.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....