09:27 - 12 март, 2026

(Фото) Како Џорџина Родригез од грдото пајче се претвори во лебед: „Испливаа“ фотографии од минатото, непрепознатлива е!

Вереницата на Кристијано Роналдо и мајка на неговите две, од вкупно пет деца, откако пред неколку години се впушти во романса со најплатениот фудбалер во светот, стана енормно популарна, а на „Инстаграм“ има над 45 милиони следбеници, па не е чудно што постојано го привлекува вниманието на светските медиуми кои будно го следат секој нејзин чекор.

Врската со славниот спортист ѝ го промени животот од корен, но ниту изгледот на Џорџина Родригез, пред Роналдо, не беше ни сличен на денешниот.

Тик ток

Со години се шпекулираше дека Џорџина направила бројни пластични операции речиси на целото тело, а фотографиите од минатото кои се појавија на „ТикТок“ ја покажуваат нејзината голема промена.

– Како девојче бев грдото пајче и се претворив во лебед. Никој при моето раѓање не рече дека ќе бидам убава. Тоа секогаш ми го зборуваа. Комплексите се бескорисни. Се сакам себеси каква што сум со сите несовршености. Никој не е совршен, но сите сме уникатни – истакна љубовта на Роналдо во една прилика.

Таа никогаш јавно не зборувала за своите пластични интервениции, но своевремено призна дека не секогаш било се совршено како сега, вклучително и изгледот, за ​​кој денес добива само пофалби.

Иако не може да се спори дека Аргентинката е природно убава, сепак е јасно дека мајката природа не ѝ дарила баш се. Но, затоа, парите ги надокнадиле недостатоците. Очигледно е, нели?

Тик Ток

Слични објави

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.
Се вчитува....