21:09 - 5 април, 2026

(Фото) Јована од „Сител“ го покажа татко ѝ со посебен повод, во приказната е и нејзината сестра

Познатата водителка и новинарка Јована Стојменовиќ го покажа својот татко, со посебен повод. Водителката на Утринската програма на ТВ „Сител“ е горда на своето семејство.

На едно неодамнешно стори на Инстаграм, Јована објави слика од својот татко, со посебен повод, неговиот роденден и се гледа на кого таа и нејзината сестра ги имаат наследено гените и убавината.

Јована беше означена на една слика од плажа, со нејзината сестра Бојана со која многу си личат. Двете сестри, дел од ова лето квалитетно го поминаа заедно, уживајќи на плажа,  а со нив беше и нивниот татко.

Јована со татко ѝ Фото/ Инстаграм

„Сестра ми – мојот помал свет и најголем универзум во едно“, напиша Бојана, сестра ѝ на Јована до сликата.

Јована со сестра ѝ Бојана Фото/ Фејсбук

Јована порадо работеше и како модел, за во едно интервју за „Слободен печат“, таа го сподели своето мислење дека убавината на жената не треба да се оценува:

-Мој став е дека убавината никогаш не би требало да се оценува. И кој би можел да каже во „морето“ убави, која е најубава? И што со онаа која ќе победи, а што со сите оние кои само учествувале…?

Убавината, особено човечката, треба да биде нешто на што ќе му се восхитуваме од далеку и нема да го претвориме во нешто што е банално како – оваа е најубавата во земјава или светот, за оваа година“, рече Јована.

Слични објави

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.
Се вчитува....