5.8 C
Скопје
07:10 - 1 април, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ го кажа своето мислење за Вучиќ, но и за „јованизмот“: „Ако не се занимаваш со политика…“

Водителката во неделата рано попладне ја исполни својата граѓанска должност, а потоа одговараше на бројни новинарски прашања.
Една од најпопуларните српски водителки, Јована Јермиќ, ја исполни својата граѓанска должност и попладнето гласаше на своето избирачко место во Дорчол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Јована се појави во елегантен, тесен, црн фустан и црни чевли, а стајлингот го заокружи со црна класична чанта „шанел“ и ланче со златни детали.

Јеремиќ како и секогаш, по гласањето се појави пред насобраните новинари и зборуваше за актуелни теми.

На прашањето на новинарот на Информер каков исход од гласањето очекува, Јована рече:

– Очекувам апсолутна победа на Александар Вучиќ, тој тоа го заслужи затоа што лавовски се бореше во Генералното собрание на Обединетите нации, кога срамно не означија како геноциден народ, а многу од нашите соседи им помогнаа на сите тие лицемери во ова, што е за секоја врста осуда- рече таа и кажа кој најмногу ја разочарал.

-Најмногу ме разочараа Црногорците, односно Црна Гора, затоа што тоа не е народот, туку Милојко Спајиќ и тоа треба да се нагласи, бидејќи народот никогаш не би гласал така и треба да се срами од Милојко Спајиќ. Не му помага ниту овој предлог за Резолуцијата за Јасеновац, бидејќи не можеме на локално ниво да го поистоветуваме предлогот на Црна Гора за Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац со меѓународен документ како што е Резолуцијата за Сребреница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

И, на крајот, Јеремиќ имаше важна порака за сите:

– Многу е важно луѓето да разберат дека треба да излезат на избори, бидејќи треба да се занимаваат со политика. Старите Грци рекле дека само идиотите не се занимаваат со политика, а јас имам свој „јованизам“: ако не се занимаваш со политика, ќе доживееш политиката да се занимава со тебе, а потоа твојот живот ќе биде во хаос, неред и безнадежност. Не дозволувајте политиката да се занимава со вас, туку вие со политиката – заклучи Јована.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....