11.8 C
Скопје
19:47 - 14 март, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша не штеди зборови против Северина: „Мора да си има некоја мака за вака да мрази…“

Јелена Карлеуша повторно се нафрли на колешката од Хрватска и ѝ порача на Северина „да престане да шири омраза“.

Во бројните стории и преписки на Инстаграм адресирани од познатите личности кон пејачката Северина (поради тоа што била приведена на сослушување на српската граница, а таа револтирана за чинот се вратила во Хрватска), повторно се вмеша и Јелена Карлеуша која е инаку позната по остриот јазик.

Карлеуша на својот инстаграм-профил ѝ се нафрли на Северина, ѝ порача да не „шири омраза“, а во се ја вмеша и Јелена Розга, исто така хрватска пејачка.

„Никогаш не дозволувајте на јавна личност да шири омраза, шовинизам и фашизам. Сигурно мака ја натерала толку многу да ја мрази Србија и да објавува ваки работи, а потоа без образ и без чест доаѓа на граница и не ѝ е јасен третманот. Што очекуваше? Мене ми е искрено жал, омразата е голем товар. Слушнав дека деноноќно објавува навреди на моја сметка, но ѝ простувам. И на неа и на сите, бидејќи оваа омраза е ирационална и само нивен проблем“, напиша меѓу другото Карлеуша.

принтскрин

Ова го напиша откако објави принтскрин од инстаграм-објава на Северина, а на која пишува: „Северина се сака од повеќе причини, меѓу другото ги *бе овие наши г*мна, ги *бе овие српски го*на“.

Потоа, Карлеуша објави уште еден инстаграм-пост.

„Не ми ги испраќајте инстаграм-објавите на Северина зашто таа болна омраза ми е одамна блокирана и не можам и не сакам да ја видам“, напиша Карлеуша и нагласи дека „ѝ е жал за Северина“.

принтскрин

„Нека се угледа на Јелена Розга, која е голема дама, ѕвезда и човек“ – заклучи Карлеуша.

(Фото) Моника Белучи блесна во друштво на новото момче во Венеција: Доминантна убавина на црвениот тепих

Слични објави

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо
Се вчитува....