8.8 C
Скопје
12:18 - 1 април, 2026

(ФОТО) Италијанскиот заводник Флавио Бријаторе во прегратка на своите бивши девојки во Монте Карло

Италијанскиот претприемач и заводник Флавио Бриаторе (72) има многу познати убавици на својата љубовна листа, меѓу кои и супермоделите Елизабета Грегорачи (42), Наоми Кембел (52) и Хајди Клум (48). Иако е познато дека на своите избранички им го скршил срцето, тој сега објави заедничка фотографија на Инстаграм.

Расположени и прегрнати позираа на Големата награда на Монако во Монте Карло, а новата објава која ги воодушеви неговите следбеници е доказ дека ги подобриле односите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Фотографијата на својот инстаграм-профил ја сподели Хајди Клум, која позира со својот шеснаесет години помлад сопруг, музичарот Том Каулиц и Флавио. Инаку, италијанскиот претприемач и го скрши срцето на познатата убавица кога ја остави додека таа беше бремена со нивната ќерка Лени.

Грегорачи и Флавио беа во брак девет години, од 2008 до 2017 година, а заедно го имаат синот Нејтан. По разводот, Флавио ја замоли Елизабета да потпише договор со кој и забрани да се појавува во јавност со новиот маж, но се чини дека сепак се во добри односи.

Флавио и Наоми Кемпбел беа во врска од 1998 до 2003 година. Иако ја објавија веридбата, никогаш не го кажаа судбоносно „да“.

Неговата последна девојка, манекенката Марија Лудовико Кампано е 46 години помлада од него, но не се знае дали се уште се во врска, а последните заеднички фотографии беа објавени летото 2020 година.

(Фото) На Флавио Бриаторе му успеа тоа за што сонуваат многу мажи – „тројка“

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....